Британскиот премиер Борис Џонсон апсолутно ја почитува независноста на судството, изјави неговиот портпарол, откако највисокиот апелациски суд во Шкотска пресуди дека неговата одлука за суспендирање на парламентот е незаконска.
Портпаролот изјави дека се очекувало случајот да заврши во Врховниот суд, откако предмети за суспензија на Парламентот беа поднесени до разни британски судови.
Британската Влада најави дека ќе ја обжали одлуката на шкотскиот суд.