Израелската војска пресретнала две ракети истрелани од Појасот Газа

Од:

Изрелската војска сооопшти денеска дека пресретнала две ракети лансирани од Појасот Газа кон јужниот град Ашод.

Ракетниот напад го прекинал предизборниот собир на партијата Ликуд на кој зборувал премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесуваат американските медиуми.

Припадниците на обезбедувањето експресно го обезбедиле и сокриле премиерот на сигурно место, но тој по само неколку минути се вратил на собирот и продолжил со говорот пред присутните приврзаници.

Нема повредени во инцидентот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за лансирањето на ракетите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел