Почна Дејвис Купот во Атина

Од:

Со свечено отворање и претставување на осумте репрезентации учеснички на натпреварите во третата европска група, во присусво на надлежниот грчки министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, одговорниот за спорт од опозициската СИРИЗА, Јанис Бурнус и претседателот на Тениската федерација на Грција, Спирос Зањас утрово во Атина започна Дејвис купот.

Веднаш по отворањето на терените на тенискиот клуб „Татои“ во близина на грчката престолнина, следеа и првите дуели за тенисерите. Северна Македонија, на вчерашната ждрепка беше извлечена во Групата Б заедно со Естонија, Латвија и Црна Гора.

Првите натпревар во текот на денешниот ден тенисерите од нашата репрезентација ги играат со Естонија, најсилната репрезентација во групата, која беше и носител на групата.

Во првиот натпревар, Димитар Грабул загуби со 2-0 (6-2 и 6-4) од естонскиот тенисер Кенет Рајсма, а во продолжение следи мечот на Горазд Србљак, а потоа и натпреварот во двојки, јави дописничката на МИА од Атина.

Утре, Северна Македонија ќе игра со Латвија, а во петок против Црна Гора.

Дејвис Купот за третата европска група од денес до сабота, 14 септември се одржува во Атина, тенисерите играат на земјена подлога, а осумте репрезентации се поделени во две групи.

Би можело да ве интересира

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Ана Ололовска

Русија избори финале против Хрватска во Дејвис купот

Катерина Ѓуровски

Македонските тенисери изборија промоција во Дејвис купот

Ана Ололовска

АТП ги одложи Дејвис и Федерејшн купот за идната година

Жарко Настоски

Хрватските тенисери се пласираа на финалниот турнир во Дејвис купот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанија го освои Дејвис купот

Ана Ололовска