Венецијанската комисија ја заврши посетата на Тирана, мислењето до 11 октомври

Од:

Делегацијата на Венецијанската комисија со едночасовната средба со парламентарната анкетна комисија ја заврши дводневната посета на Тирана.
Шефот на делегацијата, Карло Туори, изјави дека во текот на двата дена средби прибрале многу информации и оти мислењето комисијата ќе го соопшти на 11 октомври.

– Прибрвме многу информации. Имаме една јасна идеја, дали претседателот на државата го прекршил или не Уставот. Сите средби беа продуктивни затоа што добивме многу информации за да изградиме мислење кое ќе го соопштиме на 11 октомври, кусо изјави Туори.

Претседателот на анкетната комисија, Улси Мања, рече дека разговарале околу начинот на третирање на прашањето.

-Разменивме мислења како да го третирме ова прашање од законски аспект, поаѓајќи од највисоките професионални и уставни начела и станарди, со цел востановување на правна парламентарна традиција,рече Мања.

Четиричлената делегација се сретна со албанскиот државен врв, со претставници на вонпарламентарната и парламентарната опозиција,со владеачките социјалисти, со министерот за внатрешни работи, со граѓанскиот сектор, како и со единствениот уставен судија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек