Бибер: Новиот еврокомесар за проширување нема кредибилитет за функцијата

Од:

Новиот еврокомесар за проширување Ласло Трочањи не треба да биде задолжен за овој портфељ, оцени експертот за Балканот од универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

Во порака на Твитер тој напиша дека „како што и стравувал“ Ласло Трочањи ќе биде задолжен за проширувањето, откако Европската комисија денека ги соопшти портфељите на комесарите во новиот состав.

ЕК денеска објави дека нов министер за проширување на ЕУ ќе биде унгарскиот министер за правда Ласло Трошањи.

„Како експерт во демонтирањето на владеењето на правото во орбановата Унгарија тој не би требало да биде во Комисијата задолжен за проширување, тој нема кредибилитет за скептиците во ЕУ и за агендата за владеење на правото во Западен Балкан“, напиша Бибер на Твитер.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна