Бакрачески најави поддршка на културните манифестации и заштитата на културно-историските вредности на Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Никола Бакрачески денеска на прес-конференција истакна дека тој, како  иден градоначалник и советничка група ќе дадат силна поддршка на сите активности кои значат збогатување на културната понуда на градот, но и на презентација и промоција на културните вредности во меѓународни рамки.

– За таа цел, како главна активност е предвидената изградба на универзална сала со конгресен центар, место каде ќе се одржуваат бројни кутурно-уметнички манифестации и збиднувања, како и конгресниот центар што ќе овзоможи продолжување на сезоната за конгресниот туризам во текот на целата година, рече Бакрачески. Средствата за нејзина изградба ќе се обезбедат по пат на приватно-јавно партнерство.

Тој додаде дека во неговата програма ќе бидат издвоени средства од буџетот на општината за реконструкција на летната кино-сцена во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“, силна поддршка на идната локална самоуправа за НУ „Охридско лето“, како манифестација која 52 години ја потврдува својата вредност како врвна музичко-сценска манифестација во земјата.

Најави  интервенции и во реставрација, конзервација и санација на голем број културно-историски споменици и верски објекти, како црквата Св. Богородица Перивлепта, на црквата Св. Богородица Захумска во Трпејца, реставрација на локалитетот „Манчевци“, бедемските ѕидови на платото на Долни Сарај, како и поддршка и на манифестациите кои се препознатлив белег на Охрид, како Конференцијата за меѓурелигиски и цивилизацисика дијалог, Балканскиот фестивал на народни песни и игри, Прличевите беседи, Меѓународниот семинар за македонски јазик.

– Како иден градоначалник на Охрид најмногу ќе инвестирам во враќањето на културниот збор, во враќањето на нарушеното достоинство на Охрид. Охрид беше годиниве наназад изложен на потсмев заради падот на нивото на јавниот збор, заради недостигот на речник, заради измешаните вредности. Мојата цел враќање на дигнитетот на градот, промоцијата на културната мисла и идеи ќе ја остварам преку формирањето на Советот на градски татковци во кој видни охриѓани покрај идеите и искуствата корисни за напредок на Охрид ќе помогнат во враќањето на достоинството на градот, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?