Најмалку три лица загинаа во еден од најмоќните тајфуни што досега ја погодиле јужна Кореја, соопштија властите на таа земја.
Тајфун Линглинг остави без струја повеќе од 161.000 домови низ цела Јужна Кореја, вклучувајќи го и јужниот остров Јеју, кој беше погоден од невремето во текот на ноќта, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност.
Бурата потоа продолжи да се движи кон западниот брег пред да се спушти кон Северна Кореја во попладневните часови.
Владата на Јужна Кореја соопшти дека најмалку 15 лица се хоспитализирани поради здобиени повреди.