Чурлинов: Ќе дадеме се од себе на првиот натпревар

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во вторник ќе биде домаќин на Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2021. Членот на Келн, Дарко Чурлинов ветува максимално залагање на сите што ќе добијат шанса да играа.

– Работиме напорно за следните натпревари. Моментално се концентрираме на натпреварот со Фарски Острови. Би кажал дека ниту една репрезентација не е за потценување, па ни нашот прв противник. Би требале да дадеме се од себе за да победиме на натпреварот и се надевам на добри резултати и на овој и на следните натпревари во овој циклус. Атмосферата во нашата репрезентација е одлична, и искрено се надевам дека така и ќе остане, изјави Чурлинов.

Натпреварот ќе се игра на на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 16 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска