Трајановски најави гасификација на Скопје и на средните училишта

Од:

Кандидатот за скопски градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија Коце Трајановски и носителот на советничката листа Владо Поповски денеска го презентираа проектот за гасификација на главниот град и средните училишта кои се во надлежност на Град Скопје.

– Град Скопје ќе го продолжи процесот на гасификација на училиштата кои се во наша надлежност бидејќи лани ги гасифициравме СУГС „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“. Резултатите од овие училишта, од изминативе два месеци, од кога се греат на гас укажуваат дека постои голема заштеда. Следни училишта кои Град Скопје ќе ги гасифицира се СУГС „Арсениј Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“, каде првичните пресметки укажуваат дека тоа ќе чини околу 8,5 милиони денари, изјави Трајановски.

Тој најави дека со заштедата, која според стручните проценки ќе изнесува од 45 до 50 отсто, целосната инвестиција би се повратила за околу 2 години.

– Дополнително, со реализацијата на овој проект ќе се придонесе и за подобрување на еколошката состојба на Скопје затоа што се користи еколошко гориво кое не испушта штетни материи во атмосферата, рече Трајановски.

Тој се осврна и на гасификацијата на домаќинствата во Скопје. Во овој процес, како што рече, приоритет ќе добијат оние населени места каде нема никаква дистрибуција на топлинска енергија и кои имаат покажано најголем интерес за овој процес. Град Скопје веќе има објавено оглас за интерес до компаниите за учество во изградбата и стопанисувањето на гасификацијата на Скопје бидејќи тоа ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст