Метеж на Богородица, колоната е до бензинската пред границата

Од:

Долга колона возила веќе се формира на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Возилата се во колона уште од бензинската станица пред границата. Од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ), пак, известуваат дека и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и излез од државава.

Празничниот викенд околу пладне почна да ги празни градовите. За неработен ден е прогласен 9 септември бидејќи, согласно Законот за празници кога државниот празник ќе се погоди во недела, понеделник е неработен ден за сите граѓани.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница