Пакистан ќе одговори колку што е можно построго на постапувањето на Индија со спорната територија на Кашмир, а светската заедница ќе биде одговорна за каков било „катастрофален“ исход, изјави денеска пакистанскиот премиер Имран Кан.
– Го известив светот дека Пакистан не сака војна, но, во исто време, Пакистан не може да седи со скрстени раце пред предизвиците за својата безбедност и интегритет. Ние сме подготвени да реагираме на најстрог можен начин. Ако не бидеме успешни во тоа, светската заедница ќе биде одговорна за катастрофалниот исход, рече Кан.
Тој води жестока меѓународна дипломатска кампања, барајќи САД. поранешната колонијална сила Велика Британија и други западни земји да извршат притисок врз Индија во однос на Кашмир, но официјално Њу Делхи одбива секако мешање однадвор.