Фирма за трговија со шеќер и чоколада ги шие униформите за учениците од Аеродром

Од:

Фирма регистрирана за трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер ги шие униформите за учениците во општина Аеродром. Тендерот вреден  10.952.760,00 или 178 илјади евра за набавка на училишна облека за учениците од основните училишта на територијата на општина Аеродром го добило Друштвото за производство трговија и услуги „ФИВА“ ДДФ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е објавен на Бирото за јавни набавки. Компанијата, според податоците од Централниот регистар, е регистрирана за дејноста трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер. Во објаснување на дејноста стои и надворешна трговија со непреханбени производи и надворешна трговија со прехранбени производи.

Договорот со компанијата за трговија со  шеќер го потпишал градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на 15 август, но и покрај тоа, школската година учениците ја почнаа без нови униформи

Од Општина Аеродром нема објаснување зошто доцнат униформите ниту, пак, која е фирмата избрана на тендерот.

„Tендерот за униформи за учениците во општина Аеродром е завршен и е потпишан договор со фирмата што е избрана на јавната набавка. Исто така, даден е и налог за изработка на униформите, така што се очекува деновиве тие да бидат изработени и испорачани до основните училишта“, одговорија од Општината на прашањата од „А1он“ за униформите.

Првачињата во Аеродром не добија униформи за првиот школски час

Зошто доцни набавката, кога ќе успеат да ги завршат новите униформи за учениците и како се случило фирма регистрирана за трговија со шеќер да шие школски униформи, не успеавме да дознаеме ниту од компанијата што го добила тендерот. На единствениот телефонски број оставен за контакт со нив се вклучува телефонска секретарка.

Според податоци од Централниот регистар, едно лице, Филип Димитровски,  е сопственик, управител и овластено лице во фирмата. Формирана е во 2008 година. Во 2017 година фирмата била 2.044.218 денари во загуба, а во 2018 година бележи добивка од 202.313 денари.

И додека ги чекаат униформите, учениците во Аеродром треба да ги почитуваат правилата за облекување. Наставниците инсистираат учениците да носат бели маици и сиви црни или тегет панталони или здолништа, доколку не им се точни униформите од лани, а родителите се избезумени што мораат да ги праќаат децата со скусени алишта.

Униформи во основните училишта во Аеродром беа воведени во 2014 година со цел да нема разлики меѓу учениците. Од тогаш, како што сведочат родителите, ниту еднаш не се случило школската година да почне без нови униформи.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник