Водата во Охридското езеро потопла од септемврискиот просек

Од:

Водата во Охридското езеро е потопла од просекот на септември. Денешните хидролошки мерења направени во 13:30 часот покажуваат дека температурата на водата во Охридското Езеро е 24,5 степени за разлика од септемврискиот просек кој изнесува 20,9 степени.

Кај Преспанското Езеро, температурата на водата денеска изнесува 25 степени, а кај Дојранското Езеро 27,8 степени.

Што се однесува до водостојот на реките, нема некои поголеми промени во однос на вчерашниот ден. Кај поголем број на реки, намалено е нивото во однос на септемврискиот просек. Повисоко е нивото само на Вардар кај Демир Капија, Брегалница и Црна Река кај Новаци.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска