Алонсо: Подобар сум од минатата година

Од:

Фернандо Алонсо генерално беше сметан за најдобар возач во 2012 година, но Шпанецот предупреди дека ќе биде дури и подобар годинава. Иако го немаше најбрзиот болид на патеката минатата година, возачот на Ферари заврши само со три бода помалку од шампионот Себастијан Фетел.

Амбициите на Ферари и на Алонсо се високи пред почетокот на сезоната 2013 во Мелбурн, со оглед на тоа што се убедени дека се поучени од грешките што ги правеа претходната сезона. Судејќи според тоа што го покажаа на последниот претсезонски тест на патеката Каталуња кај Барселона, двократниот светски шампион ги има сите причини да биде самоуверен.

„Минатата година беше најдобрата во мојата кариера и бев многу среќен од мојата форма, но сметам дека годинава ќе биде подобро. Имаме подобра стартна основа, а и јас научив доста од грешките направени минатата година. Секогаш можете да напредувате како возач во однос на користењето на гумите, во однос на подготовката и во пристапот кон гран-прито. Вербата, самоувереноста и мотивацијата се подобри од сите претходни години. Подобро се подготвив. Подобар сум од минатата година“ – изјави Алонсо.

Ферари заостануваше доста зад Ред бул и Мекларен во квалификациите во сезоната 2012, но Алонсо се надева дека сега се многу подобро подготвени.

„Минатата година бев евидентно мотивиран и сакав да победувам, но пристигнав во Австралија и во Малезија без многу голема самодоверба и без голема верба во болидот. Немав преголема верба во тоа што го правиме бидејќи, како што сум рекол многу пати, бевме малку изгубени. Не ми беше во мислите борбата за титулата лани, бидејќи многу заостанувавме. Бевме побавни за 1,6 секунди во Австралија и затоа камбекот на тимот беше неверојатен. Иако сум помотивиран од минатата година, вистина е дека ми треба подобар болид од ланскиот, бидејќи бевме предалеку од водечките“ – заврши Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он