Поповски: Македонија сака сериозен партнер во Атина

Од:

„Скопје сака да има сериозен партнер во Атина за да се се реализираат односите меѓу Македонија и Грција и да се најде решение на спорот за името, изјави министерот за надворешни работи Никола Поповски, во интервју за програмата „Хоризонт“ на Бугарското национално радио.

„Која и да биде идната влада од страна на Република Македонија ќе има исклучително посветен и одговорен однос да одиме кон остварување на заедничките цели – надминување и оставање во историјата на споровите и поделбите и градење на иднина во која ќе имаме посветли и заеднички нешта кои ќе не спојуваат“, вели Попоски..

Во врска со изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Бугарија, ако биде прашана за името Северна Македонија како решение за спорот со Грција, не би се согласила затоа што тоа би можело да носи територијални претензии кон оваа земја, министерот Попоски , не гледа никаква логика во еден наметнат спор што ја блокира Македонија да се додава нешто или некој што дополнително би ја опструирало.

„Во актуелната ситуација во која Република Македонија и е наметнат еден целосно нелогичен спор, без каква било основа и тој спор е злоупотребен за да се наметне едно продолжено блокирање и опструкција – нема никаква потреба да се додаде некој кој дополнително би го опструирал. Ние сме во една ситуација во која Грција непринципелно и надвор од правните рамки ја блокира македонската перспекрива за интегрирање во НАТО и во ЕУ. Тоа не само што не е базирано на зеднички интерес, туку е и многу штетно и е надвор од правно преземените обврски. Тоа го констатираше и Меѓународниот суд на правдата. Сметам дека секој добронамерен би можел да придонесе само ако промовира пристап на дополнителна интеграција, а не на дополнителна опструкција. Јас би сакал да видам пораки кои ќе бидат базирани на конкрена поддршка на еден позитивен тон, на една зголемена комуникација помеѓу двете држави. Тоа се пораките кои ние би сакале да ги видиме. Мислам дека не смееме да дозолиме тоа да стане доминантна линија. Бугарија има многу добра позиција да биде еден промотор на една таква политика“, вели шефот на македонската дипломатија.

За можноста Бугарија да се вклучи во спорот за името меѓу Грција и Македонија за да покаже колку е апсурдно грчкото инсистирање за името македонскиот министер за надворешни работи вели дека таа како земја членка на ЕУ и НАТО може да внесе елементи на разум и да се промовира во лобист за интеграцијата на земјите од регионот кои не се членки на овие организации.

 

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски