Јубиларното натпреварување 65. Песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Ротердам, соопшти денеска ЕБДУ.
Во трката помеѓу холандските градови за организирање на Евровизија, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрих.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај во арената „Ахој“.
– Ротердам покажа голем ентузијазам и ангажман, а во исто време има права инфраструктура за да биде домаќин на делегации од повеќе од 40 држави, изјави извршниот продуцент на Песна на Евровизија, Јон Ола Санд.
Холандскиот пејач Данкан Лоренс победи на овогодинешната Евровизија во Тел Авив. Холандија првпат по 1975 година ќе биде домаќин на Песна на Евровизија, а до сега петпати беше организатор на музичката манифестација.