Хазири: Демокртскиот сојуз на Косово и Самоопределување се блиску до коалиција

Од:

Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Љутфи Хазири, по денешната средба на лидерот на неговата партија Иса Мустафа со оној на движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, изјави дека предизборната коалиција на двете партии е мошне извесна.

Хазири, кој е и шеф на изборниот штаб на ЛДК за вонредните избори што ќе се одржат на 6 октомври, изјави пред новинарите дека ЛДК и ВВ се согласиле за најголемиот дел од прашањата, а останува уште само одлуката кој ќе биде премиерски кандидат на коалицијата. ЛДК за иден премиер ја номинира досегашната пратеничка Вјоса Османи, додека кандидат на ВВ е лидерот Курти.

Потпретседателот на ЛДК рече дека е убеден оти двете најголеми опозициски партии во последниот парламентарен состав ќе постигнат договор за заеднички настап на вонредните парламентарни избори, закажани по оставката, минатиот месец, на Рамуш Харадинај од премиерската функција и распуштањeто на Собранието на Косово на 22 овој месец.

– Сакаме да го споделиме успехот со тие кои веруваат и се на иста линија за да се смени Косово. Ние работиме за обединување и верувам дека обединувањето ќе се случи. Со ВВ имаме средби и на високо ниво и во работни групи. Во секторските политики ги дефиниравме решенијата и се согласивме, немаме разлики. Сега работиме на кадровските политики, изјави Хазири.

Рокот што го определи Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово за пријавување предизборни коалиции истекува утре.

Договори за коалиции до сега потпишаа Алијансата за Иднината на Косово (ААК) на премиерот во оставка Харадинај и Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети, како и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на досегашните вицепремиери Фатмир Лимај и Беџет Пацоли. Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот парламентарен спикер Кадри Весели објави дека на изборите ќе настапи сама, односно нема да коалицира со ниту една парламентарна партија.

Коалицијата ААК – ПСД за премиер го номинира Харадинај, кандидат на Нисма – АКР е Лимај, додека ПДК го номинира својот лидер, Весели.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина