Зошто не успевате да ослабите

Од:

Мислите ли дека сите скроиле заговор против вашата диета, наслениот фактор, досадата, прескапите спортски сали, рекламите за нездрави храна.

Иако некои од факторите – како што се гените, не можете да ги промените, сепак можете да ги промените навиките кои влијаат на телесната тежина.

Според најновиот извештан на нутриционистите од Британската нутриционистичка фондација, на дебелината влијаат различни фактори, од далечинскиот управувач, погрешниот избор на пријатели, гените, па се до одлуката да сенете зад воланот наместо да пешачите. Во извештајот се наведени 108 причини кои влијаат на тежината.

Факторите за дебелеење се поделени во седум групи: општествени, психолошки, навики во исхраната, физичка активност, животната средина, физиологија и телевизија, компјутери и списанија.

Изборот на пријатели е во првата категорија. Веројатно е дека вашите пријатели придонесуваат за добрата забава, но можеби и тие ве охрабруваат да јадете погрешна храна или го одвлекуваат вашето внимание од здравата исхрана и редовното вежбање.
Под психолошкиот притисок се подразбира навиката секогаш кога ви е досадно или кога сакате да се наградите себе си за некој постигнат успех да се почестите со некое покалорично задоволство.

Во оваа категорија според Фондацијата припаѓа и постојаното бомбардирање со телевизиските реклами за брза исхрана и краткиот сон.

Потребно е да ги промените своите навики и веднаш да започнете со поинаков начин на живот. За почеток фрлете го далечинскиот управувач и променувањето на каналите од креветот. Така ќе согорувате 15 калории на час повеќе само со гледањето на телевизија.

Доколку за време на рекламите станете и завршите некоја работа во кујната, ќе изгубите 40 калории плус во еден час гледање, а пак ако станете да го ставите чипсот во чинија наместо да го јадете од ќесата, ќе се спасите од уште 130 калории.

Дури и личниот немир има свои предности.Л ицата кои постојано тапкаат со нозете додека седат, согоруваат до 350 калории на ден повеќе од оние кои седат мирно.

„Постојат многу различни опции за да влијааете позитивно на тешината и здравјето. Потребно е да изберете промена во однесувањето барем во по едно нешто од седумте групи и веднаш ќе забележете успех“- велат нутриционистите од фондацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он