„Ќе јадеме ли увозно свинско месо и во наредните години кои што следуваат? Република Македонија се соочува со опасност од Африканска свинска чума, која што и се заканува на угинување на целиот добиточен фондот на свињи во Република Македонија.
Африканската свинска чума постои и во нашето опкружување во Република Бугарија и во Република Србија, а опасноста од ширење во Република Македонија е голема, особено преку дивите свињи во пограничните региони со овие држави.
Ова вирусно заболување кај свињите, кое што рапидно брзо се шири, резултира со 100% смртност. Загрозен е целиот фонд на свињи кој според вонредниот попис во 2018 година кај 3.977 одгледувалишта изнесувал 128.584 животни“, рече Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заради овие аргументи и силниот социјален и економски губиток кој што би настанал доколку болеста влезе во Република Македонија, апелираме за максимално сериозен пристап кон оваа закана која што предизвикува долгогодишна штета по свињарството во Република Македонија.
Зоран Заев и Зоран Атанасов со својата непрофесионалност ќе бидат главните виновници за причинетата штета од околу 100 милиони евра и целосно ќе ја загрозат егзистенцијата на околу 10.000 семејства кои што живеат спорадично од оваа дејност.
Заев, Анѓушев и Атанасов, наместо со сериозни мерки да го превенираат оваа фатално заболување, ја ставаат во опасност целата држава поради својата нестручност. Имено наредената мерка за засилен отстрел на популацијата на диви свињи се одвива со слаба динамика, а со отстреланите свињи се постапува во неконтролирани услови, што претставува можност за ширење на вирусот и кај одгледувалиштата на свињи во Република Македонија.
Од оваа фотографија, на која што се наоѓа и ветеринарен инспектор, а е направена на ловиште во Струмица можете да видите како не се почитуваат ниту основните биосигурносни мерки на лов и хигиена на лов. Во овој случај, доколку отсреланиот дивеч е во фаза на виремија, односно животното е носител на вирусот на Африканска чума, има голема веројатност заразениот материјал да биде десиминиран од страна на сите учесници во ловот на цела територија на Република Македонија.
Од другата фотографија можеме да ја видиме моменталната ситуација на една од депониите во Република Македонија, каде слободно се шетаат напуштени свињи, кои претставуваат сериозна закана за ширење на болеста.
Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство, веднаш да ги корегира сите недоследности и да ги преземе сите мерки за да нема нестручен пристап при имплементирање на мерките на засилен острел на дива свиња со цел самите дејствија од страна на недоволно обучените ловџии и инспектори да не претставуваат потенцијална закана и евентуален влез и ширење на болеста на цела територија.
Опасност за ширење на вирусот е и недоволната посветеност на АХВ, во изминативе две години и покрај укажувањата и препораките на италијанскиот експерт за подигање на биосигурносните мерки на комерцијалните фарми во Република Македонија, период во кој требало да биде извршена категоризација на свињарските фарми. Имено од 90 комерцијални фарми за одгледување на свињи, до сега категоризирани се 86, од кои 27 со низок ризик, 53 со среден, а 6 со висок ризик. Ова укажува на фактот дека само 1/3 од фармите се доволно заштитени. Недоволната посветеност на АХВ во изминативе години, сега претставува опасност за целата сточарска гранка во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ со сите свои стручни капацитети будно ја следи ситуацијата со Африканската свинска чума во регионот и опасноста од нејзино ширење кон Македонија, и работи на конкретни мерки и предлози за заштита на целиот сточарски фонд и влез на Африканската свинска чума во Република Македонија, овие мерки и овие предлози ќе ви ги презентираме на една од наредните прес конференции, а се надеваме дека власта ќе се одважи и ќе ги прифати овие укажувања и сугестии од наша страна се со цел зачувување целата стопанска гранка, свињарство во Република Македонија“, изјави Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.