Приведени тројца албански државјани при риболов на македонска страна на Охридското Езеро

Од:

Патрола на охридската полициска станица за граничен надзор вчера привела три лица, државјани на соседна Албанија при незаконит риболов во водите на Охридското Езеро. Станува збор за лицата Д.Д. (20), Н.Д (20) и А.А. (44) сите од Поградец, приведени во територијалните води на Република Македонија, во близина на селото Трпејца.

Приведените вчера околу 13 часот нелегално ја преминале водената гранична линија на македонско-албанската државна граница и на околу три километри на македонска територија отпочнале незаконит риболов со ловни мрежи и метални канџи. Забележувајќи го полицискиот глисер, тројцата рибари  од нивниот пловен објект успеале да ги отпуштат и да се ослободат од рибарските мрежи. Притоа, во водите исфрлиле и поголема количина уловена риба. И покрај обидите, полициските службеници и рибочуварите од концесионерот „Охридска пастрмка 2012“ не успеале да ги обезбедат рибарските мрежи.

При извршениот преглед во пловниот објект на рибарите од Поградец биле пронајдени 37 парчиња охридска белвица во различна димензија и тежина, две метални канџи и друга рибарска опрема. Овие предмети, заедно со пловниот објект се запленети.

Против тројцата албански државјани ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за незаконит риболов.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп