Талибанци нападнаа контролен пункт, убиени 14 лица

Од:

Талибанците нападнаа контролен пункт во авганистанската провинција Херат, при што се убиени најмалку 14 провладини борци, изјави денеска авганистански официјален претставник.

Портпарол на полицијата истакна дека во синоќешниот напад се повредени седум борци, но и дека талибанците имале жртви, но не го соопшти нивниот број.

Во друг инцидент во Џалалабад, во провинцијата Нангарар, убиен е универзитетски професор, а други двајца се повредени кога експлодирала бомба поставена на нивниот автомобил.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан