ВИДЕО: Фирма измамила купувачи – им продале врати, па газдата избегал

Од:

Нарачале собни врати и оставиле аванс, а останале без производи и пари. Неколку муштерии на фирмата „Хоме фактори“ со месеци очекувале да им ги достават нарачаните производи, за кои одговорните лица им велеле дека ќе доцнат поради царнински проблеми бидејќи производите се набавуваат од Турција, а потоа продавачката ги известила дека газдата избегал и не знаат каде е, дознава „А1он“. Според нашите информации, измамените лица биле да го пријават случајот во полиција, но оттаму ги упатиле во Државниот пазарен инспекторат велејќи дека тоа е нивна надлежност. Салонот лоциран во Карпош, кој бил полн со производи, изминативе денови е испразнет.

„Нарачав две собни врати на 28 јуни, ми рекоа дека ќе стигнат на 27 јули. Оставив аванс за производите. Тие двапати сами ми јавија дека доставата ќе доцни. Помина долг период, па се јавив да прашам до каде е доставата на вратите. Продавачката со која контактирав ми рече дека производите се на царина и чекаат бројче за влез во земјава. Неколку дена потоа ми рече дека газдата избегал и не знае каде е, така што немало што да се прави. Ни кажа како се вика и нè посоветува да пријавиме во полиција“, вели муштерика на фирмата.

Откако во полициската станица во Карпош не ја завеле пријавата на измамената муштерика, таа пријавила во пазарната инспекција. Оттаму велат дека не можат да дадат информации колку пријави се доставени до нив за оваа фирма.

Извори за „А1он“ велат дека изминативе денови вкупно три лица поднеле пријави до пазарната инспекција. Пријава за закани во Полициската станица Карпош поднела и продавачката во салонот, која контактирала со купувачите. „А1он“ се обиде да стапи во контакт со неа, но таа не одговараше на нашите пораки.

Фирмата „Хоме фактори“ е основана во 2017 година. Сопственик и управител, според Централен регистар, е извесен Муаммер Шенѓул, на кого му се губи трага, додека муштериите си ги бараат нарачаните производи или парите. „А1он“ се обиде да исконтактира со него, но безуспешно. Фирмата е должник и во Управата за јавни приходи, покажуваат податоците до кои дојде „А1он“.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ фирмата последен пат се промовирала на 12 август, каде наведуваат дека имаат голема промоција на производите, со 10-годишна гаранција. Телефоните оставени за контакт не се достапни. Купувачите стравуваат дека случајот ќе остане нерешен, а штетата нема да им биде надоместена.

Би можело да ве интересира

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Во Белград се уапсени измамници од Македонија и Франција

Горан Наумовски

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Голема измама со мобилни телефони во Европа, штетата е 300 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он