Судијката Марија Клетничка Марковска за 13 септември ја одложи главната расправа за предметот “Титаник 3”. Во образложението судијката рече дека на обвинетиот да му се достави покана на која ќе пишува “задолжително присуство со приведување”. Поканата ќе му се достави и на домашна адреса и на работното место.
Судот ќе испрати и известување до Собранието за терминот на следното рочиште. За наредното рочиште одбраната и обвинотелите треба ги испитуваат обвинетите и да изнесат и завршните зборови.
Алими и на почетокот бараше одлагање на судењето поради обврски во Собранието.
Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.
Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.