Ракетниот систем С-400 соборил цели што летале со бризина поголема од 2.000 км/ч

Од:

Противракетниот систем С-400 соборил осум цели во воздух, што имитирале криласти ракети, а летале со брзина поголема од 2000 км/ч. Тоа се случило на тактичкиот наставен полигонот Ашулук, во руската Астраханска област, се наведува во денеска лиферуваното соопштение на Западниот воен округ, пренесе ТАСС.

„Елементите на системот за ПВО одбиле ракетен напад на условен воздушен противник, во чиј состав биле надзвучните ракети-цели „Фаворит“, што имаат брзински и маневарски карактеристики на современите криласти ракети. Како резултат на воздушната битка сите осум воздушни цели, што летале со брзина поголема од 2.000 км/ч, биле уништени“, се забележува во соопштението.

С-400 „Триумф“ е руски против-ракетен систем со голем и среден досег. Наменет е за уништување воздушни цели во услови на интензивно огнено и радиоелектронско противдејствување. Системот е разработен во НПО „Алмаз“ кон средината на 80-те години од минатиот век, а главен конструктор е Александар Лемански.

Системот влезе во вооружените сили на Руската Федерација на 28 април 2007 година. Државната програма за вооружување предвидува армијата до 2020 година да купи до 56 дивизиски С-400, што ќе и овозможи да бидат модернизирани 28 против-ракетни полка во дводивизискиот состав. Во моментов во Русија има распоредени 53 дивизиски С-400 во составот на 23 полка и два наставни центра.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски