Анкета: Повеќе од половина од Американците незадоволни од политиката на Трамп

Од:

Шест од десет Американци не го одобрува начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп ја извршува својата функција, покажуваат резултатите од најновата анкета што денеска ја објавија американската новинска агенција Асошиејтед прес и НОРЦ Центарот за истражување на јавните прашања.

Според истражувањето, сепак постои некоја поддршка на економската политика на Трамп, но начинот на кој тој ги решава другите прашања е слабо оценет.

Како што се наведува, само 36 отсто од Американците го одобрува начинот на кој Трамп ја извршува својата работа како претседател, додека 62 отсто не се задоволни.

Истражувањето е спроведено откако се случија инцидентите со пукање во Тексас и Охајо во кои загинаа десетици луѓе и кои ги поттикнаа Американците да бараат реакција од властите.

Во анкетата, спроведена од 16 до 20 август, учествувале 1.055 возрасни граѓани.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ