Тачи: Гласот за ДПА е глас за сите Албанци

Од:

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во трката за втор мандат на неговиот кандидат во Тетово, изјави дека гласот за ДПА е глас за сите Албанци.

„ДПА е различна од другите и го докажува тоа. Албанците од Тетово се оние кои најмногу не поддржуваат, а таа поддршка ја чувствуваат сите Албанци во Македонија. Сади Беџети во својот мандат не избрка никого од работа поради партиска припадност. Ги срушувме елементите на урбаната мафија. Вашиот глас за ДПА е глас за сите Албанци, кој ќе се чуе во Вашингтон, Брисел, Приштина, Тирана, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник на Тетово од ДПА, Сади Беџети со став дека и премногу направил во неговиот мандат.

„Во мојот мандат со општински средстава и без поддршка од централната власт, инвестиравме во инфраструктурата, патиштата, образованието во Тетово. Градот го направивме центар на образованието и културата. Целосно го рекоструиравме билеварот Илирија, а со сопствени средства го градиме и водоводот. Ова го правиме за нас, нашите деца и нашата иднина“, рече Беџети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија