А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Адвокатот на Јанева: Таа е жртва на случајот „Рекет“

by Кристијан Ландов21/08/2019 - 18:2221/08/2019 - 18:36778
Share0

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на случајот „Рекет“ и дека ќе го докаже тоа. Според него, Јанева била либерална кога требало да одлучи дали осомничени лица во СЈО треба да одат во притвор.

Добивај вести на вибер

„Катица Јанева е човекот кој гледаше либерално на прашањата за притворот. Таа единствената која дозволуваше куќен притвор, враќање на патни исправи. Погледнете ги одлуките на одделението за организиран криминал, таму немате такви искуства. Но, еве, тоа некој и го зеде за зло. Јас мислам дека Катица Јанева е жртва на случајот и од тие причини ќе го докаже тоа“, рече Павлески.

Бранителот на Јанева потенцираше дека обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ била задоволна од исказот кој Јанева го даде вчера во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Одговаравме на сите прашања на јавниот обвинител. Немаше никаков проблем. Таа има граѓанска должност да одговори на прашањата и обвинителот беше многу задоволен“.

Запрашан дали вчера Русковска ја прашувала Јанева за мебелот од 5 илјади евра кој денеска беше запленет, Павлески рече дека не се разговарало за тоа.

„Јас не слушнав дека вчера Катица Јанева беше прашана за мебел од 5 илјади евра. Немаше такво прашање. Вчера Јанева беше во својство на сведок и многу коректно соработуваше. Околу 4 часа одговараше“, додаде Павлески.

Бранителот Стеван Павлески потенцираше дека имаат писмени докази кои биле презентирани пред Русковска поради кои Јанева не треба да биде осомничена во случајот „Рекет“. Тој додаде дека ќе бараат Јанева во придружба на полиција да оди на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, доколку и биде одреден притвор.

„Хумано е да и дозволат да оди на погреб кај мајка и. Дури не треба ниту адвокатите да го бараат тоа. Мислам дека судијата и обвинителот се хумани луѓе. Утре е церемонијата и јас ќе треба да прашам за дејствијата кои ги ставаат на терен“, рече адвокатот на Јанева.

katica janevareket

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:51

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски13/12/2025 - 10:2313/12/2025 - 10:53

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен