Утрово во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдија извори блиски до семејството.
Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, кажа дека тоа нема да влијае врз барањето за притвор до судот за обвинителката во оставка.
Катица Јанева беше уапсена попладнево во куќата во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.
Обвинителот Јовески соопшти дека дека доставиле предлог за нејзин притвор. Извори од обвинителството потврдуваат дека би дале согласност за Јанева со полициска придружба да биде присутна на погребот на нејзината мајка.
Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и воластуваање во предметот „Рекет“.