Обвинителката Катица Јанева, осомничена за случајот „Рекет“ попладнево со полиција беше спроведена низ гаражата на СЈО, откако претходно околу час и половина имаше претрес во просториите на обвинителството. Таа беше вратена во нејзиниот дом ,а се очекува во текот на денот да биде изведена пред судија на претходна постапка.
Денес Катица Јанева беше приведена откако обвинителството за органзиран криминал ја прошири истрагата за „Рекет“ , а Јанева ја сомничи дека ја злоупотребила службената положба за влијание во истрагата за случајот „Империја“ како и дека прибавила корист во вредност од 298 илјади денари во мебел. Обвинителство побара притвор за Јанева.