Хамас им забрани на жените учество во маратонот во Газа

Од:

Третиот Меѓународен маратон во Газа е откажан откако движењето Хамас одби да им даде дозвола на жените да учествуваат во него, соопшти вчера Организацијата на ОН за палестински бегалци УНРВА.

Маратонот се организира по целата должина на брегот, почнува во Беит Ханун, на израелската граница и завршува на границата со Египет.

Трката треба да се одржи на 10 април, но е откажана. УНРВА соопшти дека одлуката на Хамас е разочарувачка, но дека ќе пронајде алтернатива за оние кои се пријавиле за учество.

Маратонот оваа година требало да се одржи по трети пат, а претходните два пати во него учествуваа над илјада луѓе, главно локално население.

Би можело да ве интересира

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица