Според најновите податоци на ЈЗУ Завод за јавно здравје од Велес, во изминатите седум дена во Велес биле регистрирани 119 новозаболени од сезонски грип.
Најголем дел од нив дури 78 биле на возраст од 15 до 64 години, а имало и 30 деца, кои се на возраст од 5 до 14 години и седум деца до четири години.
– Ова е вообичаена бројка за овој период од годината,посебно се должи на променливото време и големите температурни разлики, потенцира епидемиологот д-р Билјана Трајкова.
Претходната недела во Велес биле регистрирани приближно ист број заболени од грип или вкупно 126 лица, од кои најголем дел дури 98 лица и се на возраст од 15 до 64 години,а имало и по девет деца на возраст до 4 години и девет деца на возраст од 9 години.
Д-р Трајкова апелира до граѓаните да превземат превентивни мерки за заштита на своето здравје и консумирање храна со повеќе витамини, како и избегнување на масовни собири, бидејќи болеста е вирус кој лесно се пренесува со кашлање и непосреден контакт со заболениот од грип.