Шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева заедно со адвокатот Стеван Павлески е веќе три часа на распит кај обвинителката Вилма Русковска за случајот „Рекет“.
Пред Јанева да седне пред Русковска беше запрашана од новинарите „Каде се парите кои се земени од Орце Камчев“, но таа немаше одговор.
Јанева само се насмеа на прашањето.
Новинарите се интересираа и прашуваа „Како од најголем надеж за правдата, дојдовте до овде?“, и „Како сте ја држеле Лиле Стефанова под контрола?“, но Катица Јанева и натаму не одговараше на прашањата.
Јанева засега е само сведок во случајот „Рекет“, а Обвинителството за организиран криминал и корупција според доказите кои ги поседува треба да одлучи дали таа ќе добие статус на осомничен.