Канидатот за градоначалник на општина Карпош од „Сојузот за иднината“, одржа прес конференција пред единственото новоизградено училиште во Карпош од плоча, од темел, на местото на некогаш изгорените бараки на училиштето „Јан Амос Коменски“. Проектот рече е реализиран во целост од него, од почеток до крај и со кој се гордее.
Бевме, вели, прва општина која изгради ново училиште и нашата општина Карпош прва започна со електронска евиденција во училиштата во градот. Во 2007 година биле прва општина во Скопје која го воведе електронскиот образовен портал, многу покомплексен од Е-дневникот, кој сега функционира.
Сега таа пионерска иницијатива ќе ја издигне на сосема ново ниво.
Вети нов интернет простор во кој освен аспектот на информирање на родителите за активностите на своите деца во училиштето, особено внимание ќе посвети на потребите и можностите на децата. Учениците ќе имаат свој простор во кој ќе можат целосно креативно да се изразат, да комуницираат меѓу себе, под надзор на наставниот кадар, да имаат електронски пристап до целиот наставен материјал и наставен план, од каде едноставно ќе можат да ги црпат потребните информации.
„За нашиот Карпош ви најавувам изградба на две нови детски градинки што е дел од мојата изборна програма.Едната е во непосредна близина на ова училиште, клон на градинката Мајски цвет, во населбата Тафталиџе. Се работи за многу стар објект кој неопходно мора да се реконструира и капацитетот да се зголеми. За таа цел ќе изградиме нова градинка, како и спортска сала за физичко воспитување на децата. Планираното зголемување на површината и капацитетот е за 40%.
Цена: околу 500 000 ЕУР
Рок: септември – декември 2013 г.
Втората градинка е планирана во Злокуќани, на слободна локација на која се надоврзува планирана зелена парковска површина и реката Вардар, чиј кеј од таа страна го најавив уште претходно, а кој допрва ќе го добие вистинскиот лик. Вкупната површина на градинката се предвидува да биде околу 1 000 метри квадратни. Градбата ќе биде енергетски ефикасна, изградена по светски стандарди, при што ќе се оформи квалитетен простор за престој на дечињата.
Цена: 500 000 ЕУР
Рок: март – октомври 2014 г.
„На ова поле кое ги опфаќа најмалите деца ќе воведеме и една сосема нова можност, односно нов интегриран електронски систем, кој ќе овозможи комплетно следење на активностите и престојот на децата во градинките. Родителите ќе имаат привилегиран интернет пристап за визуелно следење на активностите на своите деца за време на целиот престој во градинките“, рече Петров.
Од карпошовци побара да гласаат за проверен човек.
„Дајте ми ја довербата заради нашата општина. Мојот противкандидат од ВМРО ДПМНЕ со целосен почит кон нејзините години и тоа што е дама госпоѓата Куновска, нема ни шајка заковано во општина Карпош. Нема право да бара мандат од Вас почитувани граѓани“, рече Петров.