Целосно локализиран пожарот од страната на Пинтија

Од:

Пожарот од страната на Пинтија е целосно локализиран, останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.

Би можело да ве интересира

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница