А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изгаснат шумскиот пожар кај Буковиќ

by А1он18/08/2019 - 12:5818/08/2019 - 13:01402
Share0

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат од терироријалната против пожарна единица Скопје. Од таму велат дека во пожарот горела дабова шума, нискостеблести џбунови и сува трева на површина од околу 100-тина хекари. Пожарот е ставен под контрола на време, при што било спречено огнената стихија да ги зафати куќите во околните села Раовиќ и Ласкарци. Причинетата материјална штета допрва ќе се утврдува.

Добивај вести на вибер

„Дежурна екипа на противпожарната служба по извршената контрола на теренот ни потврди дека пожарот целосно е локализиран. Во негово гасење учествуваа 4 противпожарни возила и 10 пожарникари, а помагаше и една екипа на Ј.П “Национални шуми. Голем придонес во гасењето на пожарот имаа и жителите на Ласкарци и Раовиќ , кои цело време им помагаа на пожарникарите“, информираат од противпожарната единица.

Поради непристапноста на теренот била побарана помош од авио- секторот на Дирекцијата за заштита и спасување , но од таму одлучиле да не испратат хеликоптери, па пожарикарите сами се справиле со огнот. Во гаснењето на пожарот немало помош ниту од Општина Сарај и покрај фактот што селата кои беа зафатени од огнот, се на нејзина територија.

bukoviclaskarcipozarskopsko

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Горан Наумовски27/02/2026 - 18:33

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:10

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он21/02/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:2513/02/2026 - 09:56

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Горан Наумовски12/02/2026 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен