Конте: Шест европски земји сакаат да ги преземат мигрантите

Од:

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147те мигранти кои се блокирани на шпански хуманитарен брод во водите на Италија.

Тој ова го напиша во отворено писмо до министерот за внатрешни работи Матео Салвини, објавено на својот Фејсбук, во кое се наведува дека Франција, Германија, Романија, Португалија и Луксембург ќе „подадат рака“.

Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ (Open Arms) со 147 мигранти денеска се вкотви во италијански територијални води и чека одобрување да вплови во пристаниште на островот Лампедуза, откако Административниот суд во Рим вчера тоа го дозволи.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини забрани бродот да влезе во пристаништето, додека министерката за одбрана Елизабета Трента одби да ја потпише забраната на Салвини. Трента истакна дека политиката не може да ја загуби хуманоста.

Административниот суд во Рим вчера донесе пресуда дека бродот на шпанска хуманитарна организација „Опен армс“, може да вплови во италијанските води. Судот ја усвои жалбата на таа организација на забраната бродот да се закотви во Италија, која ја донесе италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Поради забраната на Салвини, бродот на шпанската организација чекаше две недели за дозвола за закотвување на италијанскиот брег.

Во овој период, според организацијата Опен армс, на некои мигранти на бродот им се влошило здравјето.

Италијанскиот суд во образложението на пресудата посочил дека е изречена поради исклучително тешката и итна состојба на мигрантите на бродот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Лишен од слобода криумчар на мигранти