Планинарите на Монт Еверест отсега сами ќе плаќаат за спасување

Од:

Непалската Влада објави нови правила за планинарите на Монт Еверест, а сè тоа уследи по низа несреќи коишто се случиле оваа сезона.

Планинарите отсега, пред да тргнат кон врвовите, ќе мора да минат соодветна обука, да имаат лекарско уверение за добра здравствена состојба и осигурување кое ќе ги покрие евентуалните трошоци за нивно спасување.

Меѓу другото, пред да добијат дозвола за искачување на Еверест, планинарите ќе мора прво да совладаат врв од 6.500 метри надморска височина. Монт Еверест е висок 8.848 метри. Освен тоа, планинарите ќе мора со себе да поведат искусен водич.

Оваа пролет девет планинари настрадаа на непалската страна на Монт Еверест, што ја чини 2019 една од најсмртоносните на Хималаите.

Владата на Непал е изложена на многобројни критики поради преголемиот број издадени дозволи за искачување.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on