Болтон: Кина да размисли за Хонгконг, свежи се сеќавањата за Тјенанмен

Од:

Кина треба да размисли за потезите што ги прави во однос на настаните во Хонгконг, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

Во изјава за Гласот на Америка Болтон вели дека „се уште постои свежо сеќавање на репресијата на кинеските власти на плоштадот Тјенанмен и крикот на кинеските граѓани за слобода и демократија“.

Запрашан дали САД имаат намера да направат нешто во врска со ситуацијата во Хонгконг, поранешна британска контролирана колонија до 1997 година, град кој со месеци протестира против властите блиски до официјален Пекинг, Болтон повика на намалување на тензиите.

-Знаете дека Кина ги обвини САД за предизвикување на тие демонстрации. Демонстрантите ги поврзаа со нас и истовремено објавуваа лични информации за нашите американски дипломати во Хонгконг. Потребно е со тоа да се прекине, рече Болтон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија