САД се „длабоко загрижени“ поради движењето на кинеските воени и полициски формации долж административната линија меѓу Кина и Хонгконг, соопшти денеска Стејт департментот.
Во соопштението на Стејт департментот се истакнува дека „постојаната ерозија на автономијата на Хонгконг“ го доведува во опасност привилегираниот трговски статус што територијатаго ужива во трговската размена со САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Кина ги придвижува трупите кон границата со Хонгконг, каде веќе 10. недела се одвиваат антивладините протести.
„Нашата разузнавачка служба нè информираше дека кинеската влада ги придвижува трупите на границата со Хонгконг. Секој треба да биде мирен и безбеден!“ порача Трамп на Твитер.