Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е потребно да се најде мирно решение за ситуацијата во Хонгконг.
– Мора да се направат сите напори за да се спречи насилството и рашение да се пронајде преку дијалог, рече Меркел пред новинарите.
Според неа, дијалогот треба да се води врз основа на Основниот закон за Хонг Конг од 1997 година, кој гарантира поголема слобода на жителите.
– Правата, вклучително и слободата на мислење и владеењето на правото, имаат долга традиција во Хонгконг, рече германската канцеларка.