Алонсо: Ќе докажам дека сум подобар од лани

Од:

Вицешампионот во Формула 1, Фернандо Алонсо испрати благо предупредување до своите ривали пред почетокот на новиот шампионат. Шпанецот е верува дека е подготвен да се издигне на самиот трон и е уверен дека напредувал во однос на ланската година.

„Мислам дека човекот може секогаш подобро и ја сум подготвен тоа да го покажам. Минатата година беше најдобра во мојата кариера, но верувам дека оваа ќе биде уште подобра. Имаме подобра основа, научивме одредени работи од грешките кои ги правевме во 2012 година и имаме на што да се надеваме. Кога се ќе се собере, добро сум подготвен и ќе бидам подобар од минатата година“ – изјавил Алонсо.

Возачот на Ферари премиерната можност за освојување на бодови ќе ја има веќе на 17. март кога во Мелбурн се вози првата трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он