Премиерот Никола Груевски дал уверување пред меѓународната заедница дека до јуни ќе направи се да го реши спорот со Грција, па така Македонија на јунскиот самит на ЕУ да добие датум за почеток на преговорите, ова вечерва во Струмица на големиот митинг за старт на изборната кампања на опозицијата го истакна лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Тој додаде дека токму поради оваа причина, опозицијата го прекинала бојкотот и дека затоа датумот за предвремени парламентарни избори мора да биде познат до први септември.
Нека рече, шири колку сака едни лаги пред странците, други пред домашната јавност, предвремени парламентарни избори во Македонија ќе има. Груевски и фамилијата ќе бидат поразени и засекогаш ќе бидат испратени во срамниот дел од македонската историја – додаде Црвенковски.