Рекордни 259 кандидати учествуваат во трката за Нобелова награда за мир 2013 година, соопшти Нобеловиот институт од Осло, а меѓу нив е и Бил Клинтон.
Наградата се повеќе добива значење и привлекува големо внимание. Речиси секоја година се зголемува бројот на кандидатите а номинации пристигнуваа од целиот свет – изјави директорот на Институтот, Геир Лундестад.
Тој додаде дека многу номинации поднеле и претседатели, премиери, поранешни лауреати, но и нови имиња.
Од вкупните номинации 209 се од поединци, а 50 од организациите. Претходниот рекорд од 241 кандидати е забележан во 2011 година.
Нобеловиот комитет името на лауреатот ќе го соопшти на 12- ти октомври а никогаш не се обелоденува листата на кандидати.
Помеѓу познатите кандидати е и претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос, кој се истакна со напорот да стави крај на 50-годишниот судир со герилското движење ФАРК.
На листата е и лидерот на Мјанмара, Теин Сеин која ја предводеше транзицијата на својата држава, по повеќедеценискиот диктаторски режим, европски организации за заштита на човековите права, како невладината организација „Меморијал“ и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Меѓу кандидатите е и 15-годишното девојче Малала Јусуфзај од Пакистан, која стана меѓународен симбол за борбата за правото на жената во образованието. Доколку таа биде победник, ќе стане најмлад добитник на оваа престижна награда.
Елена Георгиевска