ВМРО-ДПМНЕ: Наместо раст и развој имаме рекет и криминал

Од:

Две ипол години Македонија тоне. Македонската економија е оценета со нула од германските стопанственици, реагира ВМРО-ДПМНЕ на објавата на „Фејсбук“, на премиерот Зоран Заев, преку соопштение.

„Јавниот долг е зголемен повеќе од пола милијарда евра, а нема никаква инвестиција.

Нивото на капитални инвестиции во последните две години е најниско од осамостојувањето до денес.

Стандардот на граѓаните е намален. Наместо раст и развој имаме рекет и криминал.

Македонија со Заев оди само надолу. Потребни се итни оставки и распишување предвремени парламентарни избори, а не празни флоскули.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард