Екипите домаќини на денешните четири дуели од првото коло во сезоната 2019/20 во Првата македонска фудбалска лига забележаа максимален ефект.
Шампионот Шкендија „падна“ на гостувањето кај актуелниот куп освојувач Академија Пандев. Новиот прволигаш Струга го изненади Рабпотнички, додека Ренова и Шкупи беа поуспешни од Силекс, односно Борец.
Постигнати резултати:
Академија Пандев – Шкендија 1:0
Струга трим лум – Работнички 2:1
Ренова – Силекс 1:0
Шкупи – Борец 2:0.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Вардар – Македонија ЃП.