Волф: Ферари ќе биде силен во Спа и во Монца

Од:

Претседателот на Ф1 тимот Мерцедес, Тото Волф верува дека во следната трка Ферари ќе биде посилен отколку на последното Гран-при во Унгарија.

Според него, патеките во Белгија и Италија повеќе одговараат на италијанскиот тим.

– Ферари има многу моќен мотор, а карактеристиките на машината се такви што може да бидат силни во „Спа“ и во „Монца“. Не се сомневам дека ова ќе бидат сосема различни трки од претходните. За нас тоа ќе бидат тешки патеки, затоа мора да работиме на нашите недостатоци за да бидеме конкурентни на патеката „Спа“.

Во Белгија ќе се вози на први септември, додека трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Италија во Монца е закажана за осми септември.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он