Државната изборна комисија на денешната седница го разгледува Предлог – Роковникот за измена и дополнување на Роковникот за примена на роковите за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2013 година за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје согласно Законот за дополнување на Изборниот законик.
На дневен ред се Информацијата во врска со постапката за потпишување на избирачкиот список, Информацијата во врска со пристигнатите решенија од Комисијата за верификација на факти, како и барањата за акредитации на набљудувачи за локалните избори 2013 година.
Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и Предлог – Одлуката за измена и дополнување на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2013 година на Државната изборна комисија, како и постапувањето по Заклучокот на Владата на Република Македонија од 120–та седница во врска со задолжувањето на ДИК за осигурување на имотот.