Здравствениот дом и Центарот за јавно здравје од Штип почнаа со дезифинкција на поплавените куќи во населбата Ново село.
Како што информира Наталија Делева од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, екипите заеднички ги посетуваат семејствата, вкупно 22, на кои водата од реката Брегалница им влезе во домовите.
– Наша задача е да ги посетиме семејствата кои претрпеа штета и да видиме какви лекови им требаат за да им ги набавиме, рече Делева.
Во Штип е нормализирана состојбата со водоснадувањето, водата која се добива од водоводниот систем на ЈП „Исар“ е исправна за пиење и користење.
Комисиите за проценка на штети прават увиди на лице место и ја констатираат штетата од поплавите.