Од Основното јавно обвинителство за „А1он” потврдуваат дека издале наредба за проверка чија сопственост е земјиштето на кое се наоѓа бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини, како и дали е дадено под закуп.
Бетонската база се градеше повеќе од пет месеци, а додека Општина Охрид не знаеше чија е, советникот Усеини за „А1он” изјави дека е негова.
„А1он” пред два месеци објави дека парцелата на која се гради е сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.
Досега, не е издадена одлука за издавање на еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, за да се изгради база за производство на бетон.