Вечерва отворање на 16-то Светско првенство во параглајдерство

Од:

Денес започнува 16-тото Светско првенство во параглајдерство со рекордни 49 земји учеснички од целиот свет.

Свеченото отворање ќе започне во 18 часот од хотел Монтана Палас од каде тимовите ќе тргнат кон центарот на градот. На градскиот парк ќе се обрати градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и организаторите, а потоа ќе настапи групата „Фолтин“.

„Денес започнува Светското првенство во параглајдинг и тоа е доволен поакзател дека Крушево е една од најдобрите дестинации за овој спорт во светот, но и за авантуристички туризам. Околу 300 луѓе ќе бидат присутни до 18 август во Крушево, а настанот очекуваме да донесе неколку илјади посетители“, изјави градоначалникот по посетата на хотел Монтана палас и по разговорот со организаторите.

Денес во 21 часот продолжува и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ со официјалното отворање на т.н. „Летна сцена“ кај музејот на НОБ со концерт во чест на Тоше Проески на Влатко Груевски – тенор и Андреј Наунов – пијано.

Би можело да ве интересира

Параглајдерист од Швајцарија тешко повреден при пад во прилепско

Во Крушево налето ново првенство во параглајдерство

Жарко Настоски

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Крушево домаќин на ФАИ Светско првенство во параглајдерство

Ана Ололовска

Крушево со многу параглајдеристи од Европа, во тек е Крушево Озон опен

Ана Ололовска

Од петтти август Светско параглајдинг првенство во Крушево

Татјана Ташкова